Македонскиот кошаркарски прволигаш Тиквеш продолжува со составување на тимот за сезоната 2025/26. По продолжувањето на соработката за капитенот Тодор Златев, кавадарчани промовираа две нови засилувања и ја продолжија соработката со тројца. Илија Мирков, Стеван Глигоријевиќ и Христијан Несторовски и во новата сезона ќе бидат дел од „црвено-белите“, а за прв пат во кавадаречкиот состав ќе заиграат Благој Димитриев и Американецот Крис Дес. ...

Како што се приближува стартот на подготовките, тимовите од Првата македонска кошаркарска лига ги интензивираат активностите на трансфер пазарот и ги комплетираат составите за новата натпреварувачка сезона. Меѓу нив е Тиквеш, кој официјално ги потврди контурите на ростерот со неколку важни потези. Клубот од Кавадарци објави дека ја продолжува соработката со тројца домашни кошаркари. Покрај капитенот Тодор Златев, во тимот остануваат Илија ...