Работнички и Силекс одиграа без победник и во вториот меѓусебен пријателски натпревар пред настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Овој пат, на дуелот во Кратово, по оние 0-0 на првата меѓусебна средба, сега натпреварот заврши со по еден постигнат погодок на двете страни. Најпрво Силекс поведе уште во првото полувреме, а конечните 1-1, израмнувајќи за Работнички, ги постави Кристоџеј Далеј во 57. минута од натпреварот. ...

Еден од македонските претставници во европските купови, Работнички попладнево замина за Охрид, каде во наредните седум дена ќе ја реализира втората фаза од летните подготовки, пред средбите со Торпедо во квалификациите за конференциската лига на УЕФА. Тимот предводен од новиот стратег Бојан Маркоски ќе одигра уште два пријателски натпревари, на 24 јуни против Партизани Тирана во Струга (17.30 часот) и на 27 јуни против Балкани во Охрид (16 ...