Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со импресивните настапи во пресрет на новата сезона. Тимот на Кирил Лазаров запиша уште еден триумф на подготвителните средби, а со славјето над Рико Рибница го освои меморијален турнир „Јоже Шилц“ што се одржа во Словенија. Освојувачот на ЕХФ Купот во клучниот натпревар извојува минимален триумф од 35-32 и со пехар се враќа за Македонија, каде ќе ги продолжи подготовките за новиот шампионат во Суперлигата, ...

Освојувачот на Европскиот ЕХФ куп, РК Алкалоид е победник на 31 меморијален турнир „Јоже Шилц“ што се одржа во Словенија. Вечерва во финалето на турнирот РК Алкалоид го совлада тимот на РД Рико Рибница со резултат 35-32 и го доби победничкиот пехар. Претходно во рамките на овој турнир запиша победи и над екипите на Шкофја Лока и Слован. Со овој натпревар е заокружена серијата на контролни натпревари на кои РК Алкалоид победи на сите седум ...