Македонскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ, доби нов ангажман во кариерата и следната сезона ќе го предводи турскиот тим Тофаш од Бурса. За Рајковиќ ова ќе биде прв предизвик во Турција, откако претходно беше тренер на ЦСКА Москва, Автодор, Астана, Стал Остров и МЗТ Скопје. Младиот стратег оствари големи успеси во руската ВТБ лига, а сега од него се очекува нешто слично и на клупата на Тофаш, кој се натпреварува во турската Суперлига. ...

Емил Рајковиќ после една година од разделбата со ЦСКА Москва се враќа на тренерската работа. Македонскиот стратег денеска и официјално беше промовиран како нов предводник на турскиот тим Тофаш, кој му посака добредојде. Рајковиќ е претставен како тренер со големо искуство и раководството на клубот верува дека со него Тофаш ќе бележи добри резултати во тамошниот шампионат. Новиот тим на македонскиот стратег минатата сезона не успеа да се пласира ...