Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев.Мицкоски положи свежо цвеќе во црквата Св. Спас во Скопје. -Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како влада. Цениме дека македонската влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден, бидејќи ова е наш македонски великан кој е дел од македонскиот идентитет и неговото дело ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со претставници на македонската Влада положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод одбележувањето на 153-годишнината од неговото раѓање. Мицкоски го честиташе денот од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев и посочи дека македонската Влада во иднина треба да има традиција во чествувањето на овој ден, бидејќи, како што рече, Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет. ...