Кошаркарите на Тофаш предводени од македонскиот тренер Емил Рајковиќ, го совладаа тимот на Трапани Шарк со 91-89 во второто коло од Групата д во Лигата на шампионите. После натпреварот, Рајковиќ кажа дека триумфот го посветува на пејачот на групата ДНК Владимир Блажев Панчо, кој вчера почина како последица од повредите од трагедијата во Кочани од 16. март годинава. „Нашиот противник, Трапани, одигра натпревар два дена пред овој. Затоа, не се ...
Maкедонскиот кошаркарски тренер, Емил Рајковиќ бележи одлични резултати на стартот од својата ера во тимот на Тофаш. По победата во првото коло од турскиот шампионат над Фенербахче, Рајковиќ и Тофаш имаа и успешен старт на сезоната во групната фаза од кошаркарската Лига на шампиони. Турскиот тим синоќа ја впиша првата гостинска победа, а Рајковиќ триумфот над Трапани Шарк му го посвети на Владимир Блажев Панчо – пејачот на групата „ДНК“ кој ...