Кошаркарите на Работнички го добија дербито на 4.коло на „М-Тел“ Супер лигата откако вечерва во Гевгелија го совладаа Кожув со 86:81. Домашниот тим имаше предност во најголемиот дел од натпреварот, но последната четвртина беше пресудна која „центарци“ ја добија со 25:12. Ова беше втора победа за избраниците на тренерот Владимир Мирковски. Од денешната програма од оваа рунда со максимален ефект продолжуваат екипите на ТФТ и на МКК Куманово. ТФТ ...

Составот на Пелистер лесно се справи со Феникс 2010 во завршниот натпревар од денешната програма во МТЕЛ Супер лигата. Клубот од Битола го потврди статусот на фавориот и славеше со 89:68 и со тоа на перфектен начин го заокружи овој напорен дел од сезоната и трите натпревари во само пет дена. Домаќините ги добија сите четири четвртини, Крстевски беше најзабележителен играч со дабл-дабл од 17 поени и 11 скока. Златевски уфрли 16 за поразените. ...