Ахмети и неговата партија се дестабилизирачки фактори за премиерот Христијан Мицкоски. Според него, со континуираните изјави на Ахмети, вклучително и со последната за Законот за употреба на албанскиот јазик, Ахмети ги загрижува не само Мицкоски, туку и меѓународниот фактор. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера на средба со граѓаните во Шуто Оризари изјави дека се уништуваат сите достигнувања на Албанците и дека ако уставните судии го допрат ...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со граѓаните во Шуто Оризари изјави дека се уништуваат сите достигнувања на Албанците и дека ако уставните судии го допрат албанскиот јазик, сите Албанци ќе ги наполнат плоштадите во Скопје. „Албанскиот јазик е засегнат, ако денеска се допре, нека знаат дека плоштадите во Скопје ќе бидат полни. Не знам како да предупредам, ние не создаваме криза. Не треба да се плашат бидејќи не ја дестабилизираме државата. ...