Реал Мадрид ја доби битката со Барселона и ја зголеми предноста на табелата кога е во прашање трката за титулата во Шпанија. Сега „кралевите“ имаат пет бода повеќе од каталонците по десет одиграни кола што е добра пoзитива иако секако има уште многу да се игра до крајот. Има доста работи кои можат да се издвојат од ова Ел Класико, а едно од нив е бесната реакција на Винисиус Жуниор откако беше заменет од Чаби Алонсо во 72 минута. Тој беше многу ...
Ел Класико вчера мина со многу набој, со многу дуели, на крајот победа на Реал Мадрид. Поништени голови, поништен пенал, па досуден, но нереализиран пенал, и „капак“ на се беше реакцијата на Винисиус откако Алонсо се реши да го остави на клупата. Тренерот на Реал Мадрид не сакаше многу да коментира за таа ситуација, и покрај тоа што „седумката“ на Реал имаше непригодна реакција откако беше испратен на клупата. „Ајде да се фокусираме на убави ...

