Се е подготвено за најголемата црковно-народна манифестација Богојавление Водици во Охрид. Пријавени се стотици капачи, покрај охриѓани има и верници од други градови. Температурата на водата во Охридското Езеро е околу 9 степени, за безбедноста на капачите ќе се грижат 5 тимови на спасители на вода во чамци, 2 нуркачки тимови, како и 6 медицински тимови за Брза помош со амбулантско возило на копно. Водите на Охридското Езеро за прв пат ќе ги ...
Охрид, 17. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што се будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Од таа вода ...