Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 ноември. Денеска е Св. маченици Гуриј, Самон и Авив. Гуриј и Самон беа угледни граѓани на Едеса. За време на едно гонење на христијаните, беа изведени пред суд и, бидејќи не сакаа да принесат жртва пред празните идоли, беа фрлени в затвор. Најпосле, им беа отсечени главите. Тоа се случи во 322 година. По некое време пострада и едескиот ѓакон Авив, кој беше фрлен во оган. Сепак, ...
Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но, ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не ѝ се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ѝ се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ако ...

