Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледа десет приговори поднесени од граѓани во врска со нивното лично избирачко право. Од нив, седум беа одбиени како неосновани, а три беа прифатени, со што на трите лица им е овозможено утре да гласаат. Според одлуката, тие ќе можат да го остварат своето право само со приложување на решението издадено од ДИК, кое ќе им послужи како правен основ за внес во дополнителниот образец на ...

Државната изборна комисија (ДИК) на 147. седница донесе одлука за поништување на потврдената листа на советници за Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), откако добила информација дека на листата се наоѓа починато лице. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека гласовите за оваа листа ќе се сметаат за неважечки, а случајот ќе биде проследен до Јавното обвинителство. Од ДНЕТ, пак, за ЦИВИЛ изјавија за ...