Ливерпул се чини дека е еден чекор пред ривалот Манчестер Сити во битката за ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, напиша главниот уредник на „Спорт Билд“, Кристијан Фалк. Ова е и покрај обидите на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, лично да го убеди Вирц да го избере „Етихад“ пред отворањето на летниот преоден рок. Реално, сепак, шансите на Ливерпул да потпише со 21-годишниот офанзивен играч од средниот ред не изгледаат многу големи. ...

Флоријан Вирц ќе го напушти Баер Леверкузен, но не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Фармацевтите бараат 100 милиони евра за неговите услуги од екипите кои се надвор од Германија, но и дополнителни 50 милиони евра од домашната конкуренција. Баерн Минхен и Манчестер сити се споменуваа како најсериозни опции, но сега во трката по неговиот потпис се вклучи и Ливерпул. Како што пренесуваат германските медиуми, Црвените се поголеми фаворити ...