Ерлинг Халанд не престанува да постигнува голови и тоа продолжува да го прави од натпревар во натпревар, па вчера стигна до својот 13-ти погодок на десеттиот меч во Премиер лигата. Норвешката гол машина има вкупно 17 погодоци на 13 одиграни натпревари за Сити во сите натпреварувања, а ако се придодат и оние девет погодоци на три натпревари за Норвешка, Халанд е во серија од 26 постигнати погодоци на вкупно 16 средби. Овие бројки изгледаа ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, верува дека Ерлинг Халанд го достигнал нивото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. „Ерлинг прави разлика како да е Меси или Кристијано. Дали тој го достигна нивното ниво? Ги гледате ли бројките на овој човек? Да, секако дека е на нивно ниво во однос на головите што ги постигнаа Кристијано и Меси. Разликата е што тие го прават тоа веќе 15 години. Го гледате Меси кој сè уште постигнува два или три гола ...

