МЗТ Скопје Аеродром промовира уште едно американско засилување за новата сезона. Нов член на „штрковите“ ќе биде Мек Смит. Станува збор за одличен шутер кој денес стави потпис на едногодишен договор. Смит има искуство во македонската кошарка бидејќи во минатото настапуваше за Академија ФМП и Тиквеш. Како младинец Американецот блескаше во НЦАА лигата, а зад себе има уникатен рекорд. Тој е кошаркар со најмногу натпревари на кој реализирал шут за ...
Американскиот бек, Мек Смит (27 год, 190 см) ќе биде четвртиот американски кошаркар во дресот на МЗТ Скопје за претстојната сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот од Аеродром. Смит се очекува неделава да им се приклучи на своите нови клупски колеги и да му се стави на располагање на стручниот штаб за стартот на домашното првенство и на АБА2-лигата. Првиот следен меч за МЗТ е против Маџари следниот викенд, а на регионална ...