Фудбалерите на Вардар се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија, откако на Арената „Тодор Проески“ го совладаа Силекс со 1-0 (0-0). Пресметката на нашиот најголем стадион понуди подобра игра за домашниот тим и на крајот заслужена победа и пласман меѓу четирите најдобри. Првата закана по гостинскиот гол вардарци ја имаа по корнер и ударот со глава на Мато, а голманот Божиновски одбрани. Домаќинот беше нешто поконкретен, повеќе се ...
Вардар по долги години повторно е дел од самата завршница од Купот на Македонија. Предмалку на Арената Тодор Проески во Скопје, Вардар го совлада вечниот ривал Силекс со конечни 1:0. Стрелец на единствениот гол за тимот беше Донгмо во второто полувреме. Вардар денеска доминираше и тотално го надигра во моментов кандидатот за највисок пласман во ПМФЛ шампионатот. Вардар денеска покажа квалитет, мотивација, карактер, и пред се желба да се совлада ...
Добар Вардар, одличен. Како што и треба кога против себе го има силниот тим на Силекс, кој денеска и тоа не се наигра на Арената. Со голот на Донгмо, нашиот најтрофеен клуб по пауза од осум години повторно е во полуфиналето во Купот на Македонија, како во таа 2017 година. Гоце Седлоски во целост тактички го надмудри својот колега Александар Васоски, неговиот тим беше тој што доминираше на теренот, беше тој што одигра навистина како што треба. ...