Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова вели дека западните земји планираат да ја дестабилизираат Србија и дека инспирирани од „шарените револуции“ вршат притисок врз легитимните власти. Таа додаде дека властите во Приштина, со поддршка на САД и ЕУ, создаваат неподносливи услови за српското население на Косово, обидувајќи се да го протераат, притоа спречувајќи ја „Српската листа“ да учествува на изборите. ...

Таа додаде дека привремената власт во Приштина, со поддршка од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, создаваат неподносливи услови за српското население на Косово, обидувајќи се да го избркаат, со оневозможување на партијата Српска листа да учествува на изборите. „Обидите на колективниот Запад да ја запали ситуацијата во земјата, користејќи ги техниките на државен удар во стилот на (украински) Мајдан се очигледни“, додаде таа. ...