Ракометарите на Бутел Скопје ја забележаа можеби клучната победа во остварувањето на првата зацртана цел оваа сезона – пласман во плеј-офот во Суперлигата. Бутелци во денешниот прв натпревар од 19. коло во домашниот шампионат со сигурни 24-30 го совлада составот на Струга и собра два бода со кои се зацврсти на шестата позиција на табелата, последна која што води во разигрувањето за шампионската титула. Натпреварот во Струга започна со нешто ...

Екипата на Бутел Скопје дојде до 10. победа во Супер-лигата, можеби најважната за потврда на местото во плеј-офот. Избраниците на Горан Кузманоски славеа на гостувањето кај Струга со 24-30 во првиот меч од 19. коло. Домашниот тим добро го отвори дуелот, поведоа со 6-4 и 7-5, но на другата страна гостите со неколку кратки серии успеаја да го превземат водството, пред одморот позитивата изесуваше 10-13. Во второто полувреме Бутел не дозволи ...