Воска Спорт се казнува со одземање на девет бода од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со Вардар во рамки на 28. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Незадоволни од судењето, играчите и стручниот штаб на клубот се повлекоа од мечот со Вардар. Протестираа за гол кој подоцна се покажа како регуларен, па скапо ќе го платат неоправданиот ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска ја соопшти казната за Воска по скандалозното напуштање на натпреварот со Вардар изминатиот викенд во рамки на 28.коло. Клубот загуби бодови, доби парична казна, а претседателот Нефи Усеини, како и тренерот на тимот се суспендирани на две години. Воска остана без девет бодови од своето салдо во Првата фудбалска лига, поради напуштање на натпреварот со Вардар во 76-тата ...