Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2. И тоа се спаси од пораз со гол постигнат во 85. минута. Се тргна добро за тимот на Севиља на овој меч откако Ромеро погоди за водство во 28. минута. Во вториот дел, Елче направи комплетен пресврт со головите на Андре Силва односно Мир. Сепак, домаќинот успеа да спаси ...
Екипата на Севиља имаше големи проблеми на натпреварот против Елче во четвртото коло на шпанската Примера и ремизираше пред своите гледачи со конечен резултат 2-2 (1-0). Гостите со пресврт го презедоа водството во второто полувреме (стрелаа Андре Силва и Рафа Мир), а Севиља успеа да се избори за бод со голот на напаѓачот Пеке во 85. минута од натпреварот. За андалузискиот тим ова е прво сезонско реми, додека Елче го впиша третиот нерешен ...