Поголем дел од градот Прилеп во моментов е без електрична енергија поради дефект на 110 киловолтен далекувод Прилеп-Кавадарци. Екипите на МЕПСО се на тере7н и интензивно работат на санација на проблемот со цел што поскоро да се воспостави редовното снабдување со електрична енергија. Според информациите, вториот далекувод Битола-Прилеп кој го снабдува градот е во реконструкција веќе два месеца, што дополнително ја отежнува состојбата и ...

Повеќе од пет часа без електрична енергија синоќа останаа жителите на Прилеп, дел од околните села кон Битола, како и делови од општината Кавадарци, поради сериозен дефект на високонапонскиот систем. Екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија со часови работеа на тешко пристапни терени за да го откријат и санираат проблемот. Според информациите, дефектот настанал на 110 киловолтниот далекувод Прилеп–Кавадарци, што е дел од преносната мрежа под надлежност ...