Младите македонски кошаркари до 18 години доживеаја убедлив пораз (137-62) од Литванија на премиерниот меч од Европското првенство – А дивизија, кое се одржува во Белград. Избраниците на селекторот Горан Андреевски немаа никакви шанси против разиграните Литванци. Литванија ја доби првата четвртина со 33-15, а на полувреме веќе имаше предност од 28 поени разлика. До крајот, предноста само растеше. Никола Јаничиќ беше единствен кој прикажа ...

Македонската репрезентација за кошаркари до 18 години го претрпе и третиот убедлив пораз во низа на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Белград. По Литванија и Грците, нашите кошаркарски надежи денеска загубија и од домаќинот Србија со резултат 89-59, по што ги очекува дуел со моќната Шпанија во осминафиналето од ова елитно натпреварување. Слично како и на претходните мечеви, „црвено-жолтите“ имаа проблеми да влезат во ритам од ...