Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз на гостувањето кај Литванија во четвртото коло од квалификациите за Евробаскетот 2025 во натпревар кој ќе биде забележан во историјата на македонската кошарка по извонредниот настап на Ненад Димитријевиќ кој реализираше 43 поени во Клаипеда. За жал историскиот настап на 26-годишниот бек го одбележа и повреда па тој ги пропушти последните шест минути од средбата, период во кој Литванците го ...

Македонската репрезентација синоќа во меч од квалификациите за ЕП иако во поголемиот дел од мечот беше одлична, имаше и водство, сепак на крајот во Клаипеда беше поразена од домашната Литванија. “Ѕверска“ партија прикажа Ненад Димитријевиќ, кој за 29 минути, пред да се повреди успеа да постигне 43 поени. По мечот свој коментар имаше литванскиот репрезентативец Ажоулас Тубелис, кој имаше само комплименти за нашиот најдобар кошаркар: “Според ...