Опозициската паралелна влада на Мјанмар најави едностран двонеделен прекин на борбите против владејачката воена хунта поради силниот земјотрес што завчера ја погоди земјата, јави ДПА. „Прекинот на сите воени операции“ се однесува на „подрачјата погодени од земјотресот“, напиша владата на национално единство на социјалната мрежа „Икс“. Во текстот се наведува дека може да има исклучоци поврзани со „одбранбените операции“. Според некои медиуми, ...

Властите во Мјанмар денеска прогласија еднонеделна жалост поради силниот земјотрес што неодамна го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати, а 4.000 беа повредени. Минутен молк ќе започне во 12:51 часот. по локално време, точниот момент кога земјотресот се случи во петокот, јавува Би-Би-Си. Препорачано Во Мјанмар пристигна помош од целиот свет, вклучително и тимови од Русија, Кина и САД, но ...