Богата фестивалска програма најавува петтиот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Две претстави од официјалната конкуренција, презентација на едукативни работилници, меѓународна конференција, разговори на тркалезни маси се само дел од содржините што ќе се реализираат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“. Во 10 часот ќе биде отворена детската зона „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за ...

На петтиот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп вечерва ќе бидат изведени две претстави од официјалната конкуренција. Од 19.30 часот се претставува Струмичкиот театар со претставата „Циркус Пирандело“, а од 22 часот Турскиот театар Скопје со „Човек перница“. Во 10 часот ќе биде отворена детската зона „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот ...