Силно невреме проследено со обилни врнежи го погоди југоисточниот дел на Бугарија, предизвикувајќи сериозни поплави и уништување на инфраструктурата во општина Бургас. Според податоци од бугарските метеоролошки служби, на некои места наврнале и над 250 литри дожд на квадратен метар во период од 12 часа. Градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, прогласи делумна вонредна состојба за општината, која ќе биде во сила до 6 октомври. Мерката опфаќа ...

Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за време на обилните дождови во бугарското одморалиште Елените на Црното Море, објави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов. Тој понатаму изјави дека лицето кое починало било во соба на приземјето од неговата куќа кога пристигнал првиот голем бран. „Ова е голема катастрофа во која мора да преземеме сите потребни мерки за надминување на последиците“, нагласи Митов, пренесе бугарската ...