И покрај дождот над 10 илјади граѓани вечерва излегоа на улиците на Скопје барајќи транспарентна истрага и одговорност за трагедијата која минатата недела се случи во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади луѓе. Протестниот марш започна на плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните изразија сочувство за загинатите со триминутен молк, по што се упатија пред зградата на Собранието и Градската болница. Пред Градската болница беше изразена ...
Универзитетот Гоце Делчев Штип изгуби осум студенти во трагедијата во Кочани, а има и голем број повредени студенти. Со цел подбрзо и поефикасно спавување со последиците отворен е Центар за психолошка поддршка на студентите, кој ќе работи додека е потребно. „Почнавме да работиме, на некој начин да ги санираме последиците и да им помогнеме на колегите кои беа директно погодени. Универзитетот со поддршка на МОН и универзитетската комора веднаш ...
Илјадници граѓани побараа одговорност за трагедијата во Кочани – од плоштад преку Собрание завршија пред Влада. Граѓаните излегоа на протест под мотото “Секој еден може да е следен” и најавија “Системот е следен”. Од плоштад граѓаните маршираа кон Собранието, каде се слушаа пароли “Убијци убијци”, а само неколку минути подоцна поминаа покрај градската болница, каде со силен аплауз дадоа поддршка на неуморните лекари кои спасија стотици животи ...