Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се врати на обврските во Валенсија, но неговиот прием во Шпанија не беше пријатен. Причина за тоа беше што новинар од „Ел Чирингито“ го следеше од аеродромот до автомобилот поради коментарите што Димитриевски ги даде во поткастот на Стефан Лазаров. Иако вчера не сакаше да зборува пред медиумите, утрово имаше разговор со тренерот Карлос Корберан и сфати дека направил погрешна проценка. ...

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски им се враќа на клупските обврски во Валенсија. Препорачано Тренерот на шпанскиот клуб, Карлос Корберан, на денешната прес-конференција пред новиот натпревар во Ла Лига потврди дека нашиот чувар на мрежата го чека финансиска казна за изјавите што ги даде во интервјуто за „Лазаров подкаст“ за време на репрезентативната пауза. Димитриевски во интервјуто зборуваше за неговата ...