Украина и Европа со загриженост го следат зближувањето на Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин. Двајцата лидери разговараа телефонски на 12 февруари, додека Москва и Вашингтон започнаа – без да ги поканат Европејците или Киев – билатерални преговори за ставање крај на војната, за чие избивање американскиот претседател одбива да ја обвини Русија. Неколку американски весници објавија дека администрацијата на Трамп размислува да ја откаже ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му наложи на Министерството за одбрана да ја прекине испораката на американската воена помош за Украина, по жестоката кавга на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, пренесуваат американските медиуми. „Ако Трамп конечно ја повлече поддршката за Киев без да преземе доволни дипломатски чекори за завршување на борбите, Украина ќе се соочи со реален ризик од пораз. Нејзините ...