Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја добија битката со Динамо Букурешт и изборија историски пласман на завршниот фајналфор турнир во младинската Лига на шампионите. По вчерашниот триумф над Кјелце, „зелено-белите“ денеска беа подобри од домаќинот на турнирот со 37:36, резултат кој ги води на Ф4 во Келн кој ќе се одржи на 14 и 15 јуни. Младите таленти на Пелистер одиграа навистина силно прво полувреме кое го завршија со плус шест (18:12). Динамо ...

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер во финалето на квалификацискиот турнир од групата 4 во Лигата на шампионите ќе играат против Динамо Букурешт од Романија. Препорачано Во второто полуфинале на турнирот во Букурешт, домаќинот триумфираше над Висла Плоцк од Полска со 31:28. После првото полувреме Романците во Динамо Арената имаа позитива од „плус шест“ предност (19:13). Кај победникот најефикасен беше Александру Космин Станкиу со осум ...

Составот на Еурофарм Пелистер направи голем резултат и ќе игра на завршниот турнир во Келн во младинска конкуренција. Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски остварија две победи во Букурешт, прво го решија Кјелце од Полска, а денеска и домаќинот Динамо и со тоа испишаа историја, обезбедија место на Ф4 во Лигата на шампионите, турнир кој ќе се одржи на 14 и 15 јуни. Голем резултат за македонскиот ракомет: Пелистер преку Динамо до билет за ...