Пожарникарите во Грција, Шпанија и Португалија се тркаат со времето за да се справат со големите пожари, искористувајќи ги ослабените ветрови кои ги намалија пламените јазици, иако поголемиот дел од јужна Европа останува под висок ризик во топли и суви услови. Падот на брзината на ветерот им овозможи на противпожарните авиони во трите тешко погодени земји да го зголемат бројот на летови и испуштања вода, концентрирајќи се на постојните зони на ...
Шпанија распоредува уште 500 војници за борба против пожарите што ги зафатија сувите шуми за време на топлотниот бран, изјави денес премиерот Педро Санчез. Тие ќе им се придружат на повеќе од 1.400 војници кои веќе се на должност во борбата против пожарите додека властите се борат да ги локализираат пожарите, особено во северозападниот регион Галиција, и ќе чекаат пристигнување на ветените засилувања од други европски земји, пренесе „Бета“. ...