Славица Купенкова – Дона Да Видра, македонската стрип-авторка, изминатиот викенд имаше самостојна изложба во Соколскиот дом во Сомбор, Србија. Преку ова претставување, Купенкова се афирмираше на меѓународната сцена со своја авторска визија. На изложбата беа прикажани 50 дела од нејзиниот богат творечки опус, кои опфаќаат широк тематски спектар – од адаптации на македонски народни приказни, преку историски наративи, до современи стрипови со ...
Велес, 27 мај 2025 (МИА) - Во Соколскиот дом во Сомбор, Србија, изминатиот викенд се одржа изложба на македонската стрип-авторка Славица Купенкова – Дона Да Видра. Нејзината изложба беше дел од годинешниот „Сомборски стрип фестивал“, кој обединува стрип уметници од Србија, Словенија, Унгарија и Хрватска. Славица Купенкова по враќањето од Сомбор, за МИА изјави дека изложбата во Сомбор одлично поминала и имала добар прием кај бројната публика, ...