Наставници од 78 училишта формираа Мрежа на мировни училишта во Македонија, раководена од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Сите наставници од овие училишта учествуваа во дефинирање и на Декларацијата за пристапување и заедничко дејствување, каде се обврзаа дека во училиштата ќе се негува принципот на ненасилна и отворена комуникација, без дискриминација по ниту една основа. Водени од вербата дека училиштето е клучно место за градење ...

Водени од вербата дека училиштето е клучно место за градење култура на мир, наставниците се обврзаа и на зајакнување на партнерството меѓу училиштата, заедницата и родителите во насока на промоција на мир и соработка, како и споделување пракса и искуства со другите училишта во рамки на Мрежата, притоа активно поддржувајќи заедничко учење и развој. Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ја нагласи важноста на мировното ...