Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 септември. Денеска е Преподобен Евмениј Чудотворец. Во седмиот век по Христа, на островбот Крит заблеска незазлената Христова светлина во Гортинскиот епископ Евмениј. Овој се беше откажал од богатството, раздавајќи го на сиромашните, уште во својата младост. Потоа стана монах и со молитва и пост ги преобрази душата и телото, издигајќи се до мерата на Богочовечкиот Христос. И како што ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 септември, денеска е Св. апостол Кодрат. Тој е еден од седумдесетмината апостоли. Бил епископ прво во Атина, а потоа во градот Магнезија. Кондрат бил добро запознаен со светската мудрост и исполнет со благодатта на светиот дух. Пострадал од незнабошците во Магнезија. Прво бил тепан со камења, а потоа оставен во затвор да умре од глад. Пострада околу 130 година по Христа. ОД ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 септември. Денеска е Св. вел. мач. Евстатиј Плакида. Тој е голем римски војсководец за време на владеењето на императорите Тит и Трајан. Еднаш, гонејќи еден елен го слушна гласот Господов што го упатуваше да се крсти. Тој се врати од ловот и се крсти заедно со жената и двата сина. Кога дојде на истото место да ми се заблагодари на Бога што го доведе до вистината, пак му се јави гласот ...

Охрид, 2. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат споменот на Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт. Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите ...