Загадениот воздух е штетен за сите луѓе, пa дури и за животните. Последиците од загадувањето ги трпат и здравите луѓе, но најмногу пациентите со белодробни заболувања. Најранливи групи се децата и старите лица. Овие пациенти за време на загадувањето на воздухот имаат отежнато дишење, болка во градите, кашлање и кивање. Во периодот кога е загаден воздухот, Клиниката за пулмологија е исполнета со пациенти кои страдаат од белодробни заболувања, ...

Од сува кашлица до карцином. Енормното загадување може да направи сериозен проблем по здравјето на луѓето, доколку властите не почнат со решавање на проблемот веднаш, алармираат лекарите. „Ние веќе навлеговме во една фаза, кога тешко може да го отстраниме ова загадување, точно и поради тоа што провевот на воздух низ градот е стопиран со тоа непланско градење на зградите, но меѓутоа и ако не се преземаат мерки во брза иднина сè повеќе и повеќе ...