Станува збор за сума речиси за 50% поголема од проценката од 2019 кога беа побарани 850 милијарди долари. „Сумата за која се зборува е добиена со помош на најограничени и конзервативни методи, и би било можно таа да се зголеми,“ изјавил првиот човек на Партијата за закон и правда, Јарослав Кацзински. Во војната се убиени 6 милиони Полјаци, вклучително и 3 милиони полски Евреи, а Варшава е срамнета по земја по востанието во 1944 во која ...

Полска претрпела штети во износ од над 1,3 трилиони евра за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда“ Јарослав Качински, кој уште претходно најави дека Полска ќе бара „репарации за сè што направиле Германците во земјата помеѓу 1939 и ...