Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, предизвикувајќи уривање на околу десетина згради, изјави официјален претставник. Најмалку едно лице е заробено во урнатините на срушена зграда, јави АП. Земјотресот, со епицентар во градот Синдирги, предизвика потреси што се почувствуваа на околу 200 километри северно во Истанбул, град со повеќе од 16 милиони жители. Министерот за внатрешни работи Али ...

Едно лице загина во Турција откако земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди северозападната покраина Баликешир во неделата вечерта, пренесува Би-би-си. 81-годишна жена почина кратко откако беше извлечена од урнатините во градот Синдирги, кој беше епицентарот на земјотресот, изјави турскиот министер за внатрешни работи. Шеснаесет згради се урнаа како резултат на потресите, а 29 лица се повредени, додаде Али Јерликаја. Турската агенција за ...