Фудбалерите на Вардар со гол во 95. минута стигнаа до реми и голем бод на гостувањето кај Силекс (1-1) во рамките на 23. коло на ПМФЛ. Кратовчани поведоа рано со голот на Али Алиќ, а потоа во завршницаат на првиот дел останаа со човек помалку. Иако скопјани притиснаа и се обидоа да се вратат, не можеа да го пробијат бедемот на Силекс. Сепак, во завршницата падна концентрацијата и Вардар освои бод. Стартот на натпреварот беше одложен за половина ...

Некогашните повеќекратни шампиони Силекс и Вардар одиграа 1-1 во меч на кој имаше се и сешто. Најпрвин средбата доцнеше со својот почеток бидејќи се дупнала гумата на скопјани додека патувале кон Кратово. Силекс преку Алиќ кој дава гол пет кола по ред, поведе со 1-0, а на голот му кумуваше и лоша реакција на голманот Талески. До крајот на првото полувреме имаше уште две ситуации за одбележување, краток прекин кој го предизвикаа Комитите со ...