Македонија води со 2:0 на полувреме во Вадуц против Лихтенштајн во првиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Тоа што пред мечот се најавуваше дека нашата селекција е апсолутен фаворит, се повтрди на теренот во првиот дел. Само седум минути беа потребни за повеќе од 1.500 македонски навивачи да се израдуваат на погодок на стадионот „Реинпарк“. Бојан Миовски одлично продре, потоа прецизно нафрли, а Александар ...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација има предност од 2-0 во натпреварот со Лихтенштајн што се игра во Вадуц. Избраниците на Милевски одиграа добро прво полувреме во кое двапати го матираа противникот и се на добар пат да ја остварат посакуваната цел, освојување на трите бода. Напаѓачката двојка Миовски-Трајковски одлично искомбинира во 7 минута за почетно водство, а пак во 42 минута по корнерот на Барди топката стигна до Муслиу кој со ...