Партизан го победи Баерн Минхен со 92:85 во меч од 14. коло на кошаркарската Евролига. Дуелот во „Арена“ во Белград беше во фокусот, затоа што ова беше прв меч за Партизан по оставката на легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ. Иако Обрадовиќ не беше во салата, навивачите на Партизан постојано го скандираа неговото име, а имаше и многу транспаренти со ликот на легендарниот тренер, како и пароли на кои пишуваше „Сите ние сме Жељко Обрадовиќ“. View ...

Партизан во една чудна атмосфера успеа да го совлада Баерн Минхен со 92:85 во мечот од 14. коло во Евролигата. Ова беше прв натпревар за „црно-белите“ по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, навивачите му дадоа максимална поддршка на стратегот, а жестоко ги исвиркаа играчите пред почетокот на пресметката во Белград. Во една ваква атмосфера во која домашните играчи едноставно го немаа тој стандарден ветер во грб од трибините, тие успеаа со подобра ...