Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски одржа прес-конференција на која ги повика сите граѓани за победиме заедно. Оваа кампања за мене не беше политичка трка, туку отворен, искрен разговор со вас, граѓаните на Скопје. Изминативе недели поминавме низ секое скопско маало. Разговаравме со илјадници луѓе, влеговме во секој дом, ги слушнавме и маката и надежта, и заедно ја споделивме нашата визија за иднината. ...

Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на последниот ден од изборната кампања. Според него, зад кампањата стои широк тим составен од ...