Палестинската милитантна група Хамас преговара со администрацијата на Соединетите Американски Држави за прекин на огнот во Појасот Газа и влез на хуманитарна помош во палестинската енклава, изјави во вторник за Ројтерс висок палестински функционер. На 2 март, Израел го блокираше влегувањето на помошта во палестинската енклава. Израелската војска ги обнови нападите врз Појасот Газа на 18 март по двомесечното примирје што започна на 19 јануари, ...

Хамас во неделата на својот Telegram канал објави дека ќе го ослободи израелско-американскиот заложник Едан Александер како дел од напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа. Дваесет иедногодишниот војник е последниот жив американски заложник во Појасот Газа. „Хамас во изминатите неколку дена одржа разговори со американската администрација и, по консултациите, одлучи да демонстрира позитивен став и да го ослободи израелскиот ...