Каракас, 10 јануари 2025 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска положи заклетва за трет последователен мандат, иако неговиот реизбор беше оспорен од опозицијата, која прогласи победа на нејзиниот кандидат, пренесоа светските агенции. „Се колнам дека овој нов претседателски мандат ќе биде (мандат) на мирот“, му рече Мадуро на претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Венецуелскиот претседател положи заклетва пред ...

Венецуелски претседател Николас Мадуро положи заклетва за трет шестгодишен мандат и покрај обвинувањата за изборна измама од опозицијата и меѓународните критики. Тој ги обвини своите противници и нивните поддржувачи во САД дека се обидуваат да ја претворат неговата инаугурација на која присуствуваа само 10 шефови на држави, во „светска војна“. САД, Канада, Велика Британија и ЕУ, кои не го признаваат изборот на Мадуро, објавија нов пакет санкции ...