Странските медиуми објавуваат дека трансферот на Луис Дијаз е договорен. Колумбиецот треба да го напушти „Енфилд“ ова лето и да ја продолжи кариерата во Германија. Баерн Минхен наводно постигнал договор со Ливерпул за трансферот. Според германските медиуми, двете страни веќе постигнале договор и трансферот ќе изнесува 75 милиони евра. Луис Дијаз ќе потпише договор со тимот од „Алијанц Арена“ до 2029 година, за плата од 14 милиони евра по сезона. ...
Колумбискиот интернационалец Луис Дијаз е нов фудбалер на Баерн Минхен, потврдија од редовите на германскиот гигант. Според информации од британските медиуми, вредноста на трансферот изнесува 65,5 милиони фунти. Дијаз, кој има 28 години, стави потпис на договор со важност од четири сезони, со што го стави крај на своето три и полгодишно поглавје во Ливерпул. „Пресреќен сум. Чест ми е што ќе носам дрес на Баерн, клуб кој е меѓу најголемите во ...