Следниот месец ќе биде исплатата на млекото на сточарите за првиот квартал од оваа година. Како што истакна потпретседателот на асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов, ова ќе биде добра можност за сточарите, имајќи во предвид дека периодов тие се обзебедуваат со доволно количина на храна. Додава дека по оваа исплата, ќе следуваат субвенциите за овчарите, јагнето, како и за јачменот и пченицата. ,,Сега во овој момент најмногу се потребни пари ...
БИТОЛА – Сточари од Пелагонија денеска се собраа на мирен протест пред зградата на Министерството за земјоделие во Битола, не се откажаа од намерата и покрај тоа што пред два дена им беа исплатени заостанатите субвенции по грло добиток само на одгледувачите на говеда. Сточарите, одгледувачи на овци и кози, уште не се доисплатени за 2024 по грло. Главното прашање на сточарите до власта е: „Зошто сточарите се последната гранка за исплата на ...