Нашата делегација на Специјалните олимписки светски зимски игри – Торино 2025, кои започнаа на 7 и ќе траат до 16 март освоија четири медали. Нашата делегација, составена од талентирани спортисти, тренери и официјални лица, ја претставува Македонија на ова големо спортско натпреварување со учество на над 1.500 спортисти од 102 земји во светот. Оттаму пристигнаа одлични вести. Илина Георгиева и Стефан Трпковски на Специјалните зимски олимписки ...
Илина Георгиева и Стефан Трпковски на Специјалните зимски олимписки игри во Торино, Италија, освоија две сребрени медали во категоријата спортски танци, а нашите крос-кантри скијачи, Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски, освоија сребрени медалји во крос-кантри скијање. Илина се закитила со сребро со танц на песната ,,Ој, девојче”, а Стефан се закитил со сребро со танц на песната ,,Море сокол пие”. За кореографијата и за работата со Илина и ...