Кошаркарската репрезентација на Литванија со убедлива победа над Велика Британија (94-70) го отвори Европското првенство (ЕП) кое се игра во Кипар, Финска, Полска и Летонија. Мечот се одигра во Тампере, а Литванците предводени од ѕвездите покажааа зошто ги сметаат како тим за медал. Во сите четири периода големиот фаворит доминираше и си го трасираше патот до сигурен триумф. Британија имаше егал само во вторите десет минути. Прв играч на теренот ...
Со натпреварот меѓу Литванија и Велика Британија во Тампере, Финска, започна 42-рото издание на Евробаскетот. Литванците ја оправдаа улогата на фаворити и славеа со убедливи 94-70. Иако Британците парираа во првото полувреме и на пауза заминаа само со три поени негатива (41-38), во вториот дел Литванија беше многу подобра и ја обезбеди победата со +24. Најрасположени кај победниците беа Јонас Валанчиунас со 18 поени и Азулас Тубелис со 17, ...