Кошаркарите на Портланд Треил Блејзерс забележаа домашна победа од 136-131 над Голден Стејт Вориорс во НБА лигата. На овој натпревар во „Мода центарот“ свое шоу имаше Стеф Кари. Плејмејкерот на гостинската екипа го заврши мечот со неверојатни 12 реализирани тројки. Кари беше најдобар поединец на комплетниот меч со 48 поени на своето конто, ама немаше доволна поддршка од соиграчите. Во таборот на Блејзерси се истакнаа Џерами Грант и Шаедон Шарпи ...
Портланд, 15 декември 2025 (МИА) – Екипата на Голден Стејт вориорс ноќеска загуби на гостувањето кај Портланд со 136:131 и покрај тоа што Стефен Кари постигна 48 поени, погодувајќи 12 од 19 за три поени. Резултати на другите пет натпревари од НБА-лигата играни ноќта недела кон понеделник: Атланта – Филаделфија 120:117 Бруклин – Милвоки 127:82 Чикаго – Њу Орлеанс 104:114 Минесота – Сакраменто 117:103 Феникс – ЛА Лејкерс 114:116. Лидер во ...

