Лиам Лосон ќе биде новиот возач на Ред Бул за следната сезона. Тој на тој начин ќе го наследи Серхио Перес, кој нема да ја продолжи соработката со австрискиот тим. Оваа вест ја објави германски „Скај Спорт“, додека потврда на оваа информација се очекува во наредните денови. Лосон и Цунода беа во најтесен круг за наследник на Серхио Перес, но на крајот изборот падна на Лосон, кој влезе во РБ болидот кон крајот на сезоната и освои четири бода. ...

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека Серхио Перез би можел да биде заменет со еден од двајцата членови на тимот на РБ, по разочарувачките резултати на Мексиканецот во неодамна завршената сезона во Формула 1. Перез во јуни потпиша нов двегодишен договор со австрискиот тим, но во вториот дел од сезоната неговите резултати без под нивото. Мексиканецот четири пати беше на подиумот во првите пет трки од сезоната, но од трката во Имола во ...