Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот. По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски. Левото крило во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2. Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и ...
Ракометниот клуб Бутел Скопје доби искусен голман за наредните две сезони во името на Благојче Трајкоски. Искусниот голман и Бутел Скопје се договорија на соработка од две сезони, односно до 2027 години. 38-годишниот Трајкоски доаѓа од редовите на Алкалоид, а во дресот на македонската репрезентација настапи и на Светското превенство 2017 во Франција. Трајкоски потекнува од Прилеп, потоа беше дел од Куманово и Радовиш, две сезони мина во МАКС ...